Ги фотографирала бездомниците, но не очекувала татко ѝ да биде еден од нив

Чудни се животните патишта, понекогаш не знаете каде ве водат, ниту каде ќе стигнете. Ова е вистинка животна приказна на една жена од Хаваи која на многу мала возраст се раздвоила со татко ѝ.

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-01.jpg

Жената сега веќе има 30 години професионално се занимава со фотографирање. Нејзиниот проект бил да ги фотографира бездомниците низ улиците на Хаваи.

По долги години го сретнува татко ѝ, но тоа воопшто не била убава слика. Човекот бил екстремно слаб, во искината облека и со нарушена психичка состојба – шизофренија која била во подем.

Taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-ì-da-bide-eden-od-niv-02.jpg

Кога го препознала и конечно решила да му пријде, тој не сакал ниту да ја погледне. Една жена која случајно се нашла на улицата ја посоветувала да не се труди да создаде контакт со него бидејќи тој постојано стоел гледајќи во една точка. Но, ќерката решила дека вреди да се обиде.

Секојдневно доаѓала и седела со часови покрај него обидувајќи се да допре било како до него. Резултати немало.

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-03.jpg

Еден ден татко ѝ добил срцев удар, но за среќа некој викнал брза помош и веднаш бил пренесен во болница.

Срцевиот удар како да му дал втора шанса за живот. Освен што преживеал, тој бил пратен и на лекување и сега неговата здравствена состојба е стабилна.

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-04.jpg

Фотографиите од патот по кој поминала за да го спаси татко ѝ се објавени на нејзиниот блог

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-05.jpg

„Фотографирањето не е само создавање на слики. Тоа е мојот прозорец кон доживувањата за светот и врските со луѓето во него... Мојата цел, пред татко ми да стане бездомник беше да им се помогне на бездомниците. Секој од нив има своја приказна и се надевам дека споделувајќи ја со вас мојата приказна , ќе овозможам отворање на нови перспективи.“

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-06.jpg

Денеска татко ѝ е одличен, бара работа и има во план да ги посети неговите роднини во Јужна Кореа.

taa-gi-fotografirala-bezdomnicite-no-ne-ochekuvala-tatko-i-da-bide-eden-od-niv-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg