Запознајте го момчето со најголеми раце на светот
- Детали
- вторник, 11 август 2015
8-годишно момче од Индија страда од ретка форма на гигантизам која прави неговите раце да бидат непропорционално големи и му бил направен хируршки зафат за намалување на истите.
Мохамад Калем кој живее со своите родители во мало село во Источна Индија родено е со ретка генетска болест. Неговите раце пораснале до неверојатна тежина од 12.7kg.
Поради неговата болест тој не бил прифатен ни во училиште под образложение дека ќе ги плаши другите деца, а бил и малтретиран од селаните, бидејќи тие верувале дека е ѓаволско дете родено со клетва.
Неговите родители не заработуваат доволно за да му помогнат да се ослободи од својата болест, но откако неговата приказна завршила во неколку интернационални списанија, локалните доктори се одлучиле да му помогнат.
Изминатата година неговиот случај го презела докторката Раџа Сабапати која е специјалист во микрохирургија за раце.
„Докторката Сабапати ни даде надеж, бидејќи таа е единствена која досега ни кажала дека постои можност неговата состојба да се подобри“ – објаснува таткото на Мохамад.
Ова е еден од најсложените и најтешките случаи со кои се сретнала докторката, бидејќи додека се обидуваат да ја намалат големината на неговите раце тие ќе мораат да внимаваат за да не ги оштетат нервите на рацете па никогаш повеќе да не може да ги употребува.
Мохамад сега го очекува двоен предизвик. Тој мора да се научи на својата „нова“ рака, а и да се соочи со селаните кои сè уште негативно реагираат на неговата состојба.