Жена изгубила 95% од вилицата заради рак, но и по операциите е модел и пример за самодоверба
Еден ден, десната страна од вилицата на Елизавета започнал да отекува. Булокова била дијагностицирана со редок тип на рак во нејзината вилица кој морал да биде отстранет веднаш и таа да започне со хемотерапија.
Тоа значело и дека ќе мора да абортира. „Постојано се движеше и често му зборев додека беше во мене. Морав да му кажам да престане да се движи, бидејќи нема да можам да го задржам, ме послуша и навистина престана да се движи“ – објаснува Булакова.
За време на 16 часовната операција 95% од вилицата и биле отстранети, а потоа истата била реконструирана со употреба на делови од нејзината десна нога и рамо.
Операцијата не поминала така добро како што очекувале и хемотерапијата била одложена. Тоа и дало време да има можност да го задржи својот син.
Се одлучила да го роди 10 недели порано со царски рез.
Би помислиле дека ваквите животни околности целосно ќе ја уништат волјата на еден човек, но оваа девојка не се откажала.
Во скорашна соработка со фотографот Маноло Керон таа покажува што значи да се родиш одново како Феникс од пепелта.
„Сакавме да ја употребиме уметноста како алатка преку која ќе покажеме колку животот е кршлив и колку сме убави без разлика на тоа низ што се минуваме“ – објаснува Керон за фотосесијата.
Како моделот Булакова, така и фотографот се надеваат дека нивната фотосесија ќе им помогне на оние кои се борат со рак да не ја изгубат својата волја за живот.