Жена изгубила 95% од вилицата заради рак, но и по операциите е модел и пример за самодоверба
- Детали
- петок, 07 август 2015
Кога на 24 години работите како модел за најпрестижните агенции и дизајнерски куќи од Лондон па до Тајван, голема е веројатноста дека ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот и ништо не може да ја сруши вашата сила.
Но, не секогаш е така. Животот е кршлив, а доказ за тоа е Елизавета Булокова. Прекрасна млада девојка сè додека опасна болест за малку не и го уништила лицето и одзела бебето.
Ова е Елизавета фотографирана само една година пред да ја открие дијагнозата која целосно ќе и го промени животот.
Во тој период таа била среќна и весела личност која уживала во својата кариера како модел и стабилната љубовна врска со нејзиниот парнер Роман Тробетскои.
Во 2014-та година тие решиле да одморат од бурниот живот кој доаѓал со професионалните обврски и да се преселат во Амстердам. Тука го добиле и својот син, Валентин.
Продолжува на следната страна...