Единствениот проблем на Дубаи: Скапи автомобили кои фаќаат прашина (фото)
- Детали
- понеделник, 06 јули 2015
Заборавете на невработеноста, криминалот и проблематичните станбени прашања. Дубаи го мачи едно сосема поинакво прашање - напуштени скапи автомобили.
Во последните неколку години на улиците и паркинзите на Дубаи може да се забележат паркирани автомобили, вклучувајќи модели како Порше, Ферари и Мерцедес, со тон прашина врз нив.
Најчесто, оставени се заради тоа што нивните сопственици банкротирале, а Соединетите Арапски Емирати немаат закони кои ги гонат оние кои не го доплатиле остатокот од ратите за автомобил, кредитни картички или хипотека.
Како резултат на тоа, за да избегнат затвор и казни, често пати локалните должници ги оставаат автомобилите на улица, паркинг, па дури и на аеродром со клучеви на врата.
Така, во 2011-та година со клучеви на врата беше оставено едно Ферари вредно 2 милиони долари.
Според многубројни истражувања, годишно во Дубаи се напуштаат помеѓу 2.000 и 3.000 автомобили.
Откако автомобилот ќе биде пронајден, се известува сопственикот, но ако истиот не се појави за 15 дена, автомобилот се продава на аукција за цена многу пониска од вообичаената.