Се сеќавате на анорексичната актерка? Иако е во лоша состојба, сега успеа да застане на нозе
- Детали
- четврток, 02 јули 2015
Видеото во кое анорексичната актерка моли за помош се прошири вирално пред неколку месеци, но за жал беше потребно долго време некој да се нафати да и помогне. Сега, за прв пат застана на нозе.
Рејчел Фарок е 37-годишна жена која е висока 175 сантиметри, а има само 19 килограми. Во мај ја објави својата тажна приказна за 10-годишната борба со анорексијата.
Во снимката објаснила дека состојбата и е многу лоша, но ниту една болница не сакала да прифати да ја излечи токму заради тоа - никој не верувал дека Рејчел ќе успее да застане на нозе.
Но, за среќа сè уште постојат хумани луѓе кои успеаја да соберат 200.000 долари за нејзино лекување.
Неодамна со тие пари започнала лекување во медицински центар, а нејзиниот сопруг ја напуштил работата за да може да биде со неа 24 часа.
- Конечно успеавме! Им благодарам на сите кои ни испратија позитивни вибрации. Возбудени сме што сега можеме да кажеме дека е навистина добра, вели тренерот кој успеа да ја врати во живот.