Поставила незгодно прашање, па им ја платила сметката како извинување
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2015
Секој некогаш се нашол во непријатна ситуација да праша или да каже нешто што не треба. Но, важно е да се покаже разбирање од двете страни и секоја ситуација може да се среди со многу попозитивна енергија.
Деби Ридл и нејзиниот сопруг Шон се редовни гости во едно кафуле во Тексас, па скоро целиот персонал ги препознава, а некои знаат и лични детали за нив.
Но, веќе подолго време не биле воопшто појавени, па не очекувале дека кога ќе влезат некој сè уште ќе се сеќава на нив.
Сепак, една од келнерките веднаш ги препознала уште кога им ја носела нарачката, а се сеќавала и дека последен пат биле заедно со нивната новородена ќерка, па прашала како е.
Наеднаш настанал молк, непријатна тишина, тажни погледи, но собрале храброст и ѝ кажале дека таа починала во спиење.
Од непријатната ситуација келнерката не знаела како да се извини, па решила да им ја плати сметката.
Иако на почетокот одбивале, сепак прифатиле кога таа им напишала порака дека тоа е од самиот ресторан, кој сака да им изрази сочувство на своите редовни гости и да биде со нив во тешките моменти. Тоа особено им значело.
Подоцна, кога келнерката ја фотографирала пораката на сметката и ја споделила на Фејсбук, неочекувано била споделена над 10.000 пати.
Целта не ѝ била да стане популарна, туку да покаже пример како може да се биде близок и човечен во некои моменти, дури со оние кои се само гости.
We eat at West Side Cafe on Camp Bowie in Fort Worth quite a lot and last month sometime we took our new baby, Glory in....
Posted by Debbie Davis Riddle on Thursday, June 4, 2015
When this couple came into west side yesterday, I surprised them by remembering their faces and their lovely baby girl,...
Posted by Kayla Lane on Friday, June 5, 2015