Ќе сакате засекогаш да останете: Најубавата улица во Флорида
- Детали
- петок, 12 јуни 2015
Постојат градови кои секогаш пробудуваат замисла на богат и гламурозен град уште со самото спомнување на нивните имиња. Palm Beach во Флорида е една од тие населби кои се секогаш играчка за славните и богатите.
Иако можете да кажете дека тука секоја улица е прекрасна и секоја воодушевува со самиот факт дека на неа работите речиси и да не чинат под милион долари, посетителите и оние кои живеат тука ќе ви кажат дека постои само една улица која се одвојува по својата убавина.
Наречена е Worth Avenue.
Иако денес е една од оние улици каде доколку влезете во продавница и прашате за некое парче облека колку чини тогаш веројатно немате доволно пари да го купите, не била таква и во минатото. Својата историја ја започнала како калива улица позната под името Jungle Road и единствената интересна работа која можело да се сретне тука биле борците со алигатори.
Нејзината вредност денес се должи да еден од најпознатите Американски архитекти Адисонц Минцер кој целосно ја трансформирал каливата улица во светкава убавица која го краси градот.
Името на улицата подоцна дошло од езерцето кое се наоѓало во близина, Worth Lake.
Овој архитект кога започнал со проектирање на улицата замислил уникатна област за шопинг со неколку измешани стилови. Од Арапски до арт деко, од мермерни плочи до дрвени аркади. Мали простори исполнети со фонтани, скулптури и градини.
Уживајте во погледот: