Петте најдобри шпиони меѓу жените

Во пресрет на акционата комедија „Шпиони“ направивме краток осврт на историските личности...

pette-najdobri-spioni-megu-zenite-01.jpg

Поголемиот дел од луѓето слушнале за шпионските потфати на Џозефин Бејкер или Мата Хари, но низ историјата продефилирале бројни жени кои се занимавале со оваа работа. Ви претставуваме пет жени чии судбини заслужиле да бидат екранизирани.

1. Нур Инајат Кан

Пораснала во Франција, каде што студирала детска психологија и музичка академија. Се занимавала со пишување детски раскази, а потоа започнала Втората светска војна и била регрутирана од страна на француската секција за специјални операции. Во еден миг била единствената личност која од окупираниот Париз им праќала пораки на сојузниците. Поради предавство од страна на колега завршила в затвор, а потоа и во логорот Дахау. Никогаш не „исцинкала“ свој соработник. 


2. Ненси Вејк

На 16-годишна возраст побегнала од дома и од Австралија заминала во Њујорк каде што работела како новинар. За време на Втората светска војна престојувала во Европа каде ги видела сите грозотии на германскиот окупатор. Тогаш решила да се вклучи во борбата против нацистите. Набрзо изградила цврст углед, го добила прекарот „Бел глушец“ бидејќи секогаш успевала да го избегне своето апсење, а нејзината „глава“ била уценета со пет милиони франци


3. Јошико Кавашима

Имала кинеско потекло и била потомок на кралското семејство Манчу. На осум години останува без родители и тогаш била посвоена од јапонскиот шпион Нанива Кавашима. Со години ги вежбала сите боречки вештини и кога пораснала станала „евтина“ хероина. Иако работела како одличен шпион за разни агенции, сакала јавно да се фали. на тој начин ја довела во прашање својата кариера, а завршила трагично кога кинеските власти ја осудиле за предавство.


4. Мануела Саенз

Уште една жена со фасцинантен живот кој е поврзан со латино-американската борба за независност. Позната е како љубовница на револуционерот Симон Боливар, а тој ја нарекол своја спасителка, бидејќи му помогнала да побегне од Богота. За време на својот живот таа учествувала во бројни револуции и политички игри. 


5. Мелита Норвуд

Била најважниот шпион на КГБ и работела за оваа служба над 40 години. Била симпатизер на комунистичката партија и решила да стане шпион на Советскиот Сојуз во Велика Британија. Се вработила во еден истражувачки тим каде што собирала податоци за нуклеарната програма. Никогаш не била откриена, а дури 35 години по нејзиното повлекување се откриени некои детали од нејзиното работење како шпион.

 
Можеби не е шпион како горенаведените, но Мелиса Мекарти одлично се снајде во својата улога во филмскиот хит „Шпиони“. Покрај неа, во главните улоги играат и Џејсон Стетам и Џуд Ло, додека режијата е дело на проверениот режисер Пол Фиг.

Ова најново филмско остварување пристигнува во кино-салите на 4 јуни.

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg