Забави, дрога и секс: Манекенки се продаваат на шеиците за една Луј Витон чанта
- Детали
- вторник, 14 април 2015
Иако девојките кои привремено работат во Дубаи имаат слабо платени работи, на социјалните мрежи секојдневно објавуваат фотки од скапи чанти, луксузни автомобили и летувања на егзотични дестинации. Како? Зад сето тоа стои добро скриена проституција, пишува српски Newsweek.
Малкумина можат да замислат како некои жени го продаваат своето тело не за да преживеат, туку за да купат скапа облека и да живеат луксузно, но тоа полека станува секојдневие на младите и неискусни манекенки.
Неодамна се појави блог чија цел е да ја открие и докаже оваа проституција на моделите од Инстаграм, односно девојките кои работат слабо платени работи, но живеат скапо.
„Отворете очи, тоа не е манекенство туку обична проституција,“ пишуваат авторите на блогот.
Дека богатите шеици се посебно популарни помеѓу манекенките потврди и Ania Golędzinowska, авторка на книгата „Спасена од пеколот: Исповед на бивша манекенка.“ Во неа таа открива дека додека работела како модел во Италија, сретнала богати Арапи кои им приоѓале само на прилично млади манекенки.
„Избираат по 2 најубави, ги изнајмуваат на 3 дена и испловуваат со нив на брод. Девојките се враќаа скаменети, едвај живи,“ се присетува 28-годишната девојка од Полска која на одреден период живеела живот полн со секс, шампањ и луди забави.
Вели и дека била дел од легендарните забави на Берлускони, кој го запознала така што на неговата роденденска забава се појавила како „подарок“ - целосно гола скокнала од голема роденденска торта.
Откако целосно го променила начинот на живот и веќе некое време живее мирно и самостојно, решила да ја раскаже својата животна приказна.