Балски фустани и лимузини: Вака тинејџерките од Мексико го слават 15-от роденден (фото)
- Детали
- вторник, 24 март 2015
Во последнава декада 16-от роденден во Америка буквално се претвора во бал, но изгледа тоа не е ништо во споредба со 15-от роденден на богатите тинејџерки од Мексико.
До сега сигурно не сте слушнале дека во Латинска Америка постои традиција според која девојчињата на 15 години стануваат жени, па сето тоа треба да го прослават гламурозно и помпезно.
Бајковитата прослава е позната како „Quinceañeras“, а за ефектот да биде целосен, за прославата богатите девојчиња ги изнајмуваат најскапите и најголемите лимузини и ги бираат најголемите и најсветкави фустани.
Родителите со задоволство вложуваат еден куп пари, затоа што оваа забава на некој начин е доказ за тоа каков статус уживаат како семејство.
Остварување на тинејџерскиот сон или тежок кич?