Кога сонот се остварува: Неподвижно девојче успева за првпат да игра хокеј (видео)
- Детали
- понеделник, 16 март 2015
Ками е мало девојче кое многу сака хокеј, има свој омилен хокеј тим и омилен играч, но тоа не може да му го каже.
Таа не може ниту да оди, ниту да зборува. Но, во нејзините очи се гледа сета радост, среќа и возбуда. Покрај сите проблеми таа знае да се радува на секој момент.
Нејзина најголема желба била да го запознае својот идол, хокеј играчот Данкан Кит од Chicago BlackHocks.
Преку кампањата „What’s your goal“ ѝ приредиле вистинско изненадување кога во соблекувалната се појавил токму тој, се запознал со неа и ѝ донел мали лизгалки.
Подоцна добива уште поголемо изненадување кога ќе ја изнесат на мразот и со помош на специјална опрема врзана за Данкан, таа успева да лизга и да игра хокеј како професионалец.
Ова видео е доказ дека и невозможните соништа или цели се остваруваат ако искрено ги сакате: