„Двојничка“ на Ким Кардашијан - во детството исмевана, денес заработува илјадници евра (фото)
- Детали
- понеделник, 16 март 2015
Џоан Патон е 32-годишна девојка која како помлада била исмејувана заради изгледот, нечистата кожа и вишокот килограми, а изминативе неколку години се претставува и заработува како двојничка на старлетата Ким Кардашијан.
Поточно, за само 6 појавувања месечно, сега Џоан заработува околу 50.000 евра годишно.
Двојничката на Ким обично се појавува на роденденски забави, за време на кои може да заработи сериозно многу пари.
„На пример одам по клубови кога тинејџерки го слават својот 16-ти роденден, а оние со малку подлабок џеб се подготвени да платат илјадници долари за да присуствувам затоа што Ким е нивниот идол. Таа е многу популарна помеѓу младите и сметам дека е добар пример,“ вели нејзината двојничка.
„Во моментов имам постојана работа, а Ким Кардашијан сум во слободно време, односно тоа ми е хоби. Како што заинтересираноста расте се надевам дека еден ден ќе можам да направам бизнис од ова.“
Сепак, одржувањето на изгледот е доста тежок, признава Џоан. Таа троши нешто помалку од 2.000 евра месечно за да го одржи струкот тенок 68 сантиметри, а истовремено и да ги зголеми облините.
Колку навистина личи или не, проценете по нејзините фотографии: