Двојникот на Алан од The Hangover живее живот од соништата: Го плаќаат за да се журка и жените го обожаваат

Поранешниот управител на ресторан Тадеус Калиноски живее живот каков секој маж посакува, благодарение на сличноста на Алан од филмскиот хит The Hangover.

dvojnikot-na-alan-od-the-hangover-zivee-zivot-od-sonistata-go-plakaat-za-da-se-zurka-i-zenite-go-obozavaat-01.jpg

Тадеус заработува околу 250.000 долари годишно, а негова работа е да биде присутен на главните журки во Лас Вегас, баш како што се журкаше Алан.

„Тоа што станав Алан ми го промени животот засекогаш. Сега живеам во Лас Вегас и по цел ден се журкам, само затоа што луѓето ги потсетувам на него. Сè уште се штипкам за да се уверам дека ова е вистина. Секој ден живеам како да сум во филм, а некои авантури кои ги доживувам се речиси идентично луди како оние од филмот“.

На почетокот, ова било краткорочно решение за Тадеус да заработи, но не ни претпоставувал дека може да се претвори во кариера.

„Денес тоа е мојот живот и не ми се случуваат два исти дена. Се смеам цело време, тоа е најдобрата работа која ми се случила“.

dvojnikot-na-alan-od-the-hangover-zivee-zivot-od-sonistata-go-plakaat-za-da-se-zurka-i-zenite-go-obozavaat-02.jpg

Кога во кината за прв пат се појавил филмот, Тадеус работел како управител во хотел и ресторан во Филаделфија и бил оженет. Но, за само неколку месеци целиот живот му се променил и распаднал.

„Неколку месеци не се бричев, бев во депресија, но кога се погледнав во огледало заклучив дека изгледам како Алан. Луѓето почнаа да ми кажуваат дека личам на него, па одлучив дека така можам добро да заработам. Се преселив во Атлантик Сити, па случајно со еден пријател отидовме во Вегас на викенд. Тогаш сè се промени. Цел викенд луѓето ми приоѓаа, ми ги плаќаа пијачките и позираа со мене“,  раскажува двојникот на Алан.

Откако едно момче му дало 100 долари за сликање, Тадеус решил да го продолжи својот викенд во Лас Вегас.

Тогаш станал најпознатиот човек по улиците на Вегас и ги започнал турите по улиците и коцкарниците.


Пробајте да пронајдете барем една разлика:

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg