Неверојатна промена - имала 450 килограми, денес има 90!
- Детали
- понеделник, 02 март 2015
Мајра Розалес (34) од Тексас имала необично трагичен живот. Секогаш имала проблем со дебелината, но ги надминала сите човечки граници кога достигнала до 450 килограми тежина.
Секој момент ѝ се заканувала опасноста од смрт. Не можела да прави ништо друго, освен да биде во иста положба седната на креветот.
За да биде трагедијата уште поголема, нејзината сестра во еден момент толку лошо го удрила сопственото дете, што тоа починало на лице место, а ја убедила Мајра да ја преземе вината.
Кога тоа се дознало во јавноста била прогласена за убиствено чудовиште од пола тон. Веројатно тогаш се освестила и сфатила како изгледа во очите на другите.
Набрзо била уапсена и обвинета за убиство, но обдукцијата покажала дека Мајра не можела да го направи тоа дело, а и сестра ѝ брзо го признала делото.
Откако излегла од затвор Мајра решила да го промени својот начин на живот.
По неколку операции, строги диети и тренинзи, таа успеала да симне 360 килограми и денес е сосем поинаква жена.
Планира да симне уште десетина килограми, но веќе се чувствува значително подобро и како да има сосема нов живот.
Ова е нејзината приказна: