Решението за сите бездомници се крие под овие фолии (видео)
- Детали
- четврток, 12 февруари 2015
Проблемот со бездомниците, особено во зимскиот период го има секаде низ светот. Тие се оставени на милост и немилост додека надвор температурите се под нулата. Центрите за згрижување се премали за да ги собере сите, па мора или сами да се снаоѓаат или да се најдат поинакви решенија.
Токму овој проблем како задача бил поставен на една инженерска конференција, каде студенти во две групи требало да најдат соодветно решение за тоа како безбедно да се згрижат овие луѓе.
Најпрво почнале да размислуваат за вреќи за спиење, но набрзо дошле до две генијални идеи.
Едната група предложила тоа да биде шатор кој се отвора во вид на полутопка и во кој има подлога и перница за поголема удобност, а фолијата од која е изработен ќе ја задржува топлината.
Втората група предложила тоа да бидат табли за билборд кои се отвораат и се претвораат во триаголен шатор со доволно простор за преспивање. Практична идеја која истовремено ќе служи и како прибежиште и како простор за рекламирање. Токму затоа била прогласена и како победничка идеја.
Погледнете како изгледаат нивните предлози:
Би успеало ова да се спроведе и кај нас?