Хит оглас: Бара позитивен тест за бременост за да си го врати дечкото!
- Детали
- среда, 11 февруари 2015
Женската глава е чудна работа, а посебно брзо работи кога планот не се одвива како што треба. На пример, кога дечкото сака да ве остави, а вие сте заљубени, сè може да ви текне.
Девојкава е класичен пример за тоа до каде се подготвени жените да одат во врската.
Идејата е на млада студентка од Белград која мака мачи со дечкото кој планира да ја остави.
Ова е нејзиното решение:
„Поздрав за сите, има ли бремени студентки? Дечкото сака да ме остави, па ми треба позитивен тест за бременост (потоа ќе одглумам дека сум абортирала). Пишете ми во инбокс, плаќам 1000 динари и го купувам тестот! Благодарам! Дискреција загарантирана.“
Сте виделе милион лажирања на бременост, ама вакво позајмување на позитивен тест сигурно не ви текнало до сега...