Таа е болна од рак, но ништо не ја спречува да танцува
- Детали
- вторник, 10 февруари 2015
Неа не ѝ треба туѓото сожалување. Сè што сака е да биде прифатена. Танцот е нејзиниот начин за да се справи со сето она што ѝ се случува.
„Многу беше страшен првиот ден бидејќи сите веќе имаа слушнато за мене. Но, во моментот кога влегов во салата за танцување, почувствував како да сум на најбезбедното место“.
За време на нејзината хемотерапија Хана оди на училиште и што е најважно, може да танцува. Нејзината храброст и борбеност ги инспирира децата ширум светот. Исто така и нејзината учителка по танц, Кларк ѝ ја дава најголемата поддршка.
Постојано ѝ зборувам на Хана, „мислиш дека јас те инспирирам за да танцуваш? Ти ме инспирираш мене“ - објаснува Кларк, „секогаш кога си подготвена јас со задоволство ќе ти покажувам како да танцуваш. Имаш способност да ги инспирираш луѓето, а тоа го прават големите учители“.
Таа е доказ дека ако имаш соништа, не постои нешто што ќе те спречи да ги оствариш!