Среќа и тага во едно: Највредниот спомен од починатата сопруга на овој дедо
- Детали
- четврток, 05 февруари 2015
Понекогаш е лесно да се остават и заборават некои работи, но за некои се држиме цврсто и не знаеме дали некогаш ќе бидеме подготвени да се откажеме. Сакаме да ги задржиме колку можеме подолго и ние да одлучиме кога ќе се откажеме.
Но, на еден пензионер во Британија, Стен Беатон, му се случила поинаква ситуација. Откако поради рак, пред 14 години, починала неговата сопруга, тој не престанувал да ја преслушува нејзината говорна порака, која самиот ја снимал за да го зачува барем нејзиниот глас.
Мислел дека тоа може да му остане можеби до крајот на животот или барем додека тој сака.
За жал, говорната порака била избришана од страна на телекомуникациската компанија Virgin Media.
Бил крајно разочаран, бидејќи не бил сè уште подготвен да ја изгуби целосно. За неговата мака дознале и во BBC, па решиле да му помогнат и пораката да ја пренесат до одговорните за штетата.
Кога во Virgin Media ја слушнале емотивната приказна, решиле да ангажираат 10 инженери кои ќе работат и прекувремено за да ја најдат и вратат говорната порака.
Кога од BBC отишле да го посетат, изненадат и да ја снимат целата сторија, емотивната реакција на овој старец ја остварила целта за која сите биле ангажирани.
Погледнете го целото видео: