Ја изневерил, а таа се омажила за сопругот на неговата љубовница
- Детали
- четврток, 22 јануари 2015
Една жена од Тајван открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува и решила да преземе нешто сериозно. Биле во брак повеќе од 10 години, кога Чен забележала дека нејзиниот сопругот често во текот на ноќта тајно испраќа смс пораки.
Чен се одлучила да се соочи со својот сопруг вадејќи ги сите докази. Пронашла дополнителни докази кога ги отворила неговите мејлови и забележала некои со интимна содржина кои си ги разменува со љубовницата.
Тогаш сфатила дека таа е негова колешка од работа, па сметала дека мора да се соочи со сето тоа и да го реши.
За да го спаси својот брак, Чен отишла прво да разговара со сопругот на љубовницата и да побара од него тој да ја држи што подалеку од нејзиниот сопруг.
Но, токму тогаш започнува целиот заплет на приказната, кога двете „жртви“ во случајот, по неколку средби и договори за како да ги разделат своите партнери, всушност се заљубиле еден во друг и започнале романса.
Љубовницата на сопругот од изневерената жена почнала да се сомнева дека нешто се случува и одлучила да пронајде докази за неверството на својот сопруг.
Кога била откриена целата афера, со оглед на тоа што во Тајван неверството се смета за нелегално, двата пара се тужеле и поднеле барања за развод.
Пред да стапи во брак, Чен и нејзиниот сопруг потпишале договор за верност, според кој во случај на неверство, имотот и наследството му припаѓаат на оштетениот.
Но, нејзиниот сопруг изгледа како да си го планирал неверството, па уште претходно целото богатство од 400.000 долари тајно го препишал на неговиот татко.
Сепак, судот го принудил да ја исплати штетата на својата сè уште законска сопруга.
Во меѓувреме Чен одлучила да се омажи за својот љубовник, откако конечно ќе добие развод.