Таа има 18 години и е заљубена во својот татко: Сакам да се омажам со него и да му родам деца
- Детали
- среда, 21 јануари 2015
Тие се сакаат и редовно имаат секс, верени се и планираат венчавка. Она што е бизарно во целата љубовна приказна е што се татко и ќерка.
Една девојка од Северна Америка вели дека со својот татко не била во контакт од 5-та година, а кога повторно се сретнале се заљубила во него.
Таа била плод од авантура за една ноќ, а мајката со која израснала пати од биполарно пореметување.
- Мајка ми не ми дозволи да стапам во контакт со мојот татко, но кога наполнив 15 години сама го пронајдов. Две години подоцна се запознавме, а на 18 сфатив дека физички ме привлекува и тогаш почнавме да се гледаме поинтензивно, раскажува девојката која тврди дека до сега за никој не почувствувала толкава привлечност.
Приказната на овој пар продолжува кога ќерката се преселила кај својот татко и неговата тогашна девојка, па ја користела секоја можност да остане сама со него.
Со нејзиниот татко ја изгубила и невиноста, многу брзо откако се доселила во неговиот дом.
- Лежеше покрај мене кога имав кошмари и ме галеше по косата. Многу брзо почувствувавме возбудување и започнавме да се допираме, за на крајот да дојде до секс, вели девојката.
- Не живееме во ист град со мојата мајка и се криеме од неа за да не не пријави во полиција, но секако планираме нашата врска да ја подигнеме на „повисоко ниво“.
Парот наскоро планира да се отсели во Њу Џерси, кој дозволува инцест врски.
- Не разбирам зошто луѓето имаат потреба да им судат на оние кои се среќни. Ако не се вклопуваме во моралниот шаблон, тогаш сме болни? Тоа е потполно апсурдно, објаснува младата Американка.