Прашањето на ова девојче го расплака и папата

Поглаварот на католичката црква откако одржа говор на Католичкиот универзитет на Филипините, започна да се поздравува со луѓето околу него.

prasanjeto-na-ova-devojce-go-rasplaka-i-papata-01.jpg

Она што не го очекуваше е дека едно од дечињата на кое му даде благослов ќе постави прашање кое ќе го остави во солзи.

12-годишната Глизел Паломар која останала сираче имала подготвен говор за Папата, но наместо тоа, само го прашала низ солзи:

„Зошто Бог дозволува толку многу деца да бидат присилени на проституција и дрога? Децата не се криви за ништо.“

prasanjeto-na-ova-devojce-go-rasplaka-i-papata-02.jpg

Заради ова папата се откажал од подготвениот говор на англиски јазик и му одговорил на девојчето на мајчиниот јазик:

- Таа е единствената која постави прашање за кое не постои одговор. Нејзините солзи дополнително ја изразија немоќта пред ова прашање. Сите ве поттикнувам да се запрашате дали сте научиле како да плачете, како да се потиштите кога ќе видите гладно дете, дете кое на улица се дрогира, сираче, дете кое трпи малтретирање и кое е користено како роб.

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg