Најекстремните пластични операции во 2014-та: Луѓе кои целосно си го промениле изгледот
- Детали
- среда, 17 декември 2014
Некои пластичните операции ги користат за да променат некој дел од своето тело, други малку повеќе претераа, па целосно станаа непрепознатливи.
1. Двојничка на Џенифер Лоренс
Кити (30) од Тексас е мајка на пет деца која ја изгубила самодовербата, па за да си ја врати посакала да личи на холивудската глумица Џенифер Лоренс. За таа цел направила 6 операции, вградување масни ткива на задникот и образите, операција на носот, градите и липосукција на телото и лицето. Потрошила $25.000 долари.
2. Џесика Рабит број 2
Пени Браун (25) уште од детството била опседната со Џесика Рабит и од желба да личи на омилениот анимиран лик направила неколку пластични операции и денес навистина потсетува на ликот од цртаниот филм.
3. Малку поинаква Ким Кардашијан
Клер Лисон потрошила околу $30.000 долари на пластични операции. Станала многу слична на Ким Кардашијан и изјавува дека како двојничка на старлетата се чувствува многу самоуверено и среќно.
4. Уште една Ким Кардашијан
Татјана Вилијамс посакала да има задник како Ким Кардашијан, а испраќа порака дека треба и другите да ја следат. Сигурна е дека ваквата трансформација ќе ѝ донесе успех. На операциите потрошила околу $100.000 долари.
5. Необични близначки
Сара и Ема Копонен од Шведска се близначки, а својата природна сличност ја зголемиле со пластични операции поради кои денес многу тешко се разликуваат. Овие девојки ги прават истите операции и на ист начин тренираат. Имаат по 25 години и успеале да се претворат во еден од најекстремните примери за неумереност во вештачкото разубавување. Досега на пластични операции потрошиле околу $15.000 долари.
6. Жива карикатаура
Кристина Бити (30) од Велика Британија во последните 13 години имала низа пластични операции со цел да се претвори во карикатура. Кога првпат видела нацртана карикатура на жена била љубоморна што не изгледа така. На овие операции Кристина потрошила околу 15.000 долари.
Уште 5 непрепознатливи луѓе на следната страница...