Во овој град Божиќ трае цела година
- Детали
- понеделник, 15 декември 2014
Во Кина постои место во кое Божиќ е секој ден. Но, тоа не е затоа што луѓето тука толку многу го сакаат овој празник, подароците и Дедо Мраз.
Овој град, всушност е еден од најголемите производители на божиќни украси во светот.
Само два часа возење од Шангај се наоѓа Јиву, гратче кое е вистински рај за љубителите на Божиќ. Во огромен затворен пазар, може да купите елки, лампиони, декорации, машни и сè што ви треба за овој празник. Затоа, за оние кои живеат во овој град, Божиќ трае во текот на целата година.
Толку е голем пазарот, што потребен ви е цел еден ден за да го прошетате. Се смета дека овој град произведува 60 % од светските резерви на Божиќни декорации и околу 90 % од декорациите за подрачјето на Кина.
Вработените овде велат дека продаваат елки од март до декември. Но, сè уште не им е јасно зошто луѓето се толку возбудени околу Нова година и Божиќ.
Сепак, за оние кои ги изработуваат сите тие украси по 10 часа дневно, веќе немаат таква магија и возбуда како оние што ги купуваат само неколку дена во годината.