Метеорски дожд го зафати небото од Скопје до Вашингтон
- Детали
- понеделник, 15 декември 2014
Синоќа на небото се случуваше вистинско шоу. Започнувајќи од кај нас, па сè до Вашингтон, можеше да се види прекрасен метеорски дожд со преку 100 ѕвезди кои паѓаа во само 1 час.
Неколку илјадници луѓе го набљудувале небото ширум светот, внимателно следејќи го секое менување на боите на ѕвездите, како и истовременото паѓање на 2 до 3 ѕвезди.
Најдобро време за гледање на овој метеорски дожд беше 2 часот по полноќ, затоа што тогаш делот од небото каде настануваа метеорите се наоѓаше точно над нашата глава, додека во 10 часот вечерта видливоста беше најголема.
Метеорскиот дожд се појави како последица на пробивањето на Земјата низ облак прашина создадена од ситни делчиња комети.
Овој дожд од метеори наречен Геминида прв пат е забележан во 1860 година, а бројот на ѕвезди кои паѓаат секоја следна година се зголемува.