Сите се деца, но некои вака го поминуваат детството...
- Детали
- петок, 05 декември 2014
Сè што се случува во светот го преживуваат и децата. Колку и да се мисли дека може да се заштитат, некои од нив се навистина оставени на милост и немилост. Некои деца стануваат возрасни уште пред да пораснат.
Дури е неверојатно како едно 5 годишно дете во Финска можеби ужива и се радува на снегот и Нова Година, додека друго 5 годишно дете во Сирија седи во еден ќош од урнатините и се моли да ја преживее ноќта.
Сите се деца, но некои живеат поинаку...
Ова е Таниа. Има 10 години и живее во Воирбоб, во Бангладеш. Работи во фабрика за производство на ориз од 8 часот наутро до 18 часот попладне и дневно заработува 65 центи.
Ова девојче со својата мајка го прославува Светскиот ден на храната во организација на Обединетите нации за храна и земјоделство. Нив им недостига храна секојдневно.
Ова момче од Пакистан живее на улица и во најгрдото се труди да најде нешто убаво. Вака изгледа светот во очите на децата.
Фотографиите од појасот Газа на кои децата си играат околу воените урнатини потсетуваат на филмско сценарио кое сака да го прикаже најтешкиот живот на луѓето. Но, овие деца не живеат во филм, туку војната е дел од нивниот вистински живот и единствен свет кој го познаваат.
Но и во сето сивило тие се трудат да пронајдат малку боја и да не заборават на детските игри во импровизираните паркови и урнати игралишта.
На следната страница погледнете како треба да изгледа детството...