Бил сиромашно момче од работничко семејство, а денес е човекот од кој зависи цел свет
- Детали
- петок, 28 ноември 2014
Уште еден пример за тоа дека ништо не е невозможно, ако силно се верува, посакува и се работи е и ова момче. Како дете тој сонувал да работи за KГБ, a 50 години подоцна е еден од најмоќните луѓе во светот.
Тоа момче е денешниот руски претседател, Владимир Путин.
Сите го знаат како изгледа облечен во елегантен костум, капут или ловџиска униформа, но како помлад и тој бил обично дете како другите, само со поголеми соништа.
Роден е на 7 октомври 1952 година во тогашен Ленинград, денешен Санкт Петербург. Дипломирал на меѓународно право на тамошниот универзитет, а веднаш потоа се вработил во државната безбедносна служба на КГБ.
Благодарение на упорноста и големиот политички ангажман, Путин од сиромашно дете на работничко семејство стана претседател на Русија и еден од најмоќните луѓе кои владеат со светот.