После оваа исповед ќе размислите добро пред да објавите нова фотографија на Фејсбук
- Детали
- сабота, 29 ноември 2014
Откако ќе ја прочитате нејзината случка, ќе размислите двапати пред да ставите какви било фотографии на социјалните мрежи.
Британката Верити Кук (28) се шокирала откако пријателите ѝ покажале неколку нејзини приватни фотографии поставени на секс - страници за запознавање.
Нејзините фотографии се наоѓале на женски профил под името Вики, на кои пишувало дека таа е поранешна манекенка и е во потрага по „надарени” момци. Фотографиите на Верити од фитнес центарот, во бикини, топ маичка и оние во хеланки се нашле на лажниот профил.
Таа како и сите други девојки, ставала секакви свои фотографии без воопшто да помисли дека целиот свет ќе ги гледа истите на секс - страници.
Верити најмногу се исплашила откако сфатила дека тие фотографии на Фејсбук не биле јавно објавени од нејзина страна, туку истите можеле да ги видат само нејзините пријатели. Таа додава дека не знае кој би можел да се крие зад псевдонимот Вики и зошто некој би ги украл нејзините фотографии.
„Тоа е веројатно дело на некои од моите пријатели на Фејсбук, но не знам кој, бидејќи ги имам повеќе од 2.000”, вели Верити. Таа додава дека била многу лута и нервозна од самата помисла дека некој го оцрнува нејзиното име.
Лажниот профил со фотографиите од Верити сега е отстранет, но којзнае уште колку такви профили навистина постојат низ секс - страниците за запознавање.
Можеби треба малку повеќе да размислите пред да објавите некое ново селфи.