Тој никогаш не знае дали ќе се разбуди како маж или жена
- Детали
- четврток, 27 ноември 2014
Животната приказна на овој млад, биполарен дечко многу брзо го обиколи светот. За Рајан секој ден е нов предизвик, во зависност од тоа дали се чувствува како маж или како жена.
Додека многу млади бираат кои фармерки ќе ги облечат тој ден, двоумењето на Рајан се состои во тоа дали ќе облече женска или машка облека. Понекогаш, се наоѓа во ситуации кога во текот на само 1 ден повеќе пати ја менува својата гардероба, а со тоа и својот пол.
Неговата состојба е откриена кога за прв пат посетил психијатар, по што се зачленил во трансексуалната заедница.
- Збунувачки е. Морам да погодувам како што ќе се разбудам и според тоа да си го планирам денот. Пробувам да откријам како се чувствувам кога ќе си легнам да спијам. Ако се чувствувам поженствено, си го местам алармот да ми ѕвони порано за да имам време да се подготвам. Ако неколку дена по ред се чувствувам како жена, морам секој ден да се бричам, да ја мијам косата и да носам шминка. Преферирам да сум жена, но поопуштено се чувствувам како маж.
Рајан секогаш имал проблем во љубовта, затоа што ниту една девојка не можела да ја разбере неговата состојба, сè додека не ја запознал Кристал.
- Таа вечер беше Рајан. Се запознавме и го додадов на Фејсбук. Еден ден ми го коментираше статусот од неговиот женски профил Рија, па препознав дека се работи за Рајан. Никогаш до тогаш не сум слушнала за биполарно пореметување и мислев дека е шега. Набрзо сè ми објасни и се обидов да разберам.
Неколку месеци подоцна, Кристал и Рајан започнале љубовна врска.
- Кога прв пат го видов во фустан, му реков дека изгледа прекрасно, но и ден денес му го кажувам истото.
Прв пат кога Рајан почувствувал потреба за женска облека имал само 13 години. Тогаш почнал да носи облека од неговата мајка. На почетокот се чувствувал како да прави нешто погрешно, се обидел да престане, но по извесно време се навикнал на женската облека.
Ова храбро момче кое било неприфатено од средината си заминало од дома на само 18 години.
- Тогаш прв пат почувствував дека имам приватност и личен простор. Почнав да го губам чувството на вина и да бидам посигурен.
Најголема поддршка во животот добива од неговата девојка Кристал, која вели:
- Тој дефинитивно има две личности. Рајан е мажествен, а Рија знае да си ја врти косата околу прстите. Некогаш позајмувам гардероба од Рија, а другарките ми се љубоморни заради начинот на кој знае да се шминка.