Докторите му рекле дека има уште 6 месеци живот, но тој ги надживеал сите

Девет различни доктори му рекле дека му останале 6 месеци живот и Стаматис Мораитис требал веднаш да започне агресивен третман на хемотерапија, но наместо тоа тој одлучил да замине во својот роден крај.

doktorite-mu-rekle-deka-ima-6-mes-zivot-a-toj-gi-nadziveal-1

На почетокот го фатила тешка депресија и со денови поминувал во кревет, а за него се грижеле неговата мајка и сопруга. Еден ден му се вратила вербата и желбата за животот.

Со оглед на тоа дека му останало кратко време за живеење, тој започнал активно да се дружи со луѓето и да шета.

Во текот на наредните неколку месеци тој почувствувал огромна сила и одлучил да си насади своја градина, а не ни очекувал дека ќе доживее да ги види плодовите од градината, да ужива во сонцето и на свежиот зрак покрај морето, во својот роден крај во Грција.

doktorite-mu-rekle-deka-ima-uste-6-meseci-zivot-no-toj-gi-nadziveal-site-1.jpg

Поминале 6 месеци, но Мораитис не умрел, туку тој работел на земјата, се будел рано и целиот ден го поминувал надвор на свежиот воздух.

Така поминале неколку години, а тој станувал сѐ поздрав, односно така се чувствувал.

После цели 30 години, тој одлучил да ги посети докторите и да се провери уште еднаш за да сфати што се случило со неговото здравје. Но, не успеал да ги пронајде докторите, бидејќи сите до еден биле починати.

Иако не бил богат, Мораитис му се радувал на животот и тој вели дека рецептот за долг живот се состои во добриот одмор, физичките активности во природата и ослободувањето од стресот.

Човекот кој ја одби хемотерапијата, верувале или не, починал на 102 години. 

doktorite-mu-rekle-deka-ima-uste-6-meseci-zivot-no-toj-gi-nadziveal-site-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg