Хотел им го наплатил критикувањето на TripAdvisor

Заради тоа што јавно го критикувале хотелот во кој престојувале, поточно го нарекле валкан, смрдлив ќумез, двајца Британци морале да платат казна од 100 фунти.

hotel-im-go-naplatil-kritikuvanjeto-na-tripadvisor-01.jpg

За едно ноќевање во хотелот Бројдвеј во Блекпул, Англија, Тони и Џен Џенкинсон платиле 36 фунти, но само 2 дена подоцна од нивната сметка биле повлечени уште 100 фунти.

Тој трошок хотелот го оправдал повикувајќи се на клаузата во формуларот за резервација, со која гостите се предупредуваат дека за секоја јавна критика ќе мора да платат пенали.

Нивната критика за хотелот која ја објавиле на TripAdvisor гласела „неуреден, валкан скапан и смрдлив ќумез кој го водат марионети“ и токму таа ги чинела 100 фунти.

Тони Џенкинсон за BBC изјавил дека неговата жена за време на потпишувањето на документите не ги имала очилата, па не ги ни видела правилата.

hotel-im-go-naplatil-kritikuvanjeto-na-tripadvisor-02.jpg

„Знаевме дека хотелот е евтин, но очекувавме да биде барем чист, што дефинитивно не беше,“ додала неговата сопруга.

Хотелот Бродвеј одбил да ја коментира оваа случка во јавноста, додека Тони и Џен побарале враќање на парите.

Ова се само дел од фотографиите кои ги споделиле на TripAdvisor:

Би можело да ве интересира:

Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg