Паника: За 5 години светот останува без чоколадо!
- Детали
- среда, 19 ноември 2014
Според тоа како стојат работите, светот многу скоро би можела да го зафати „чоколадна криза“, односно постои опасност да останеме без омиленото слатко задоволство.
Тоа би можело да предизвика сериозни проблеми во одржувањето, на и онака слабиот мир во светот.
Потрошувачката на какао постојано расте, а разликата меѓу светските потреби и производниот капацитет е сè поголема. Со ова темпо би можеле наскоро да останеме без чоколадо.
Можеби би било паметно да ги наполниме замрзнувачите на време, бидејќи којзнае колку ќе чини наскоро една коцка чоколадо.
Најголемиот светски произведувач на чоколадо во 2013/2014 година доставил 1,7 милиони тони од најпопуларните слатки, што се смета како раст од 11,7 отсто во однос на претходната година.
Производството на чоколадо расте, а со неа и цената која во последните неколку години се удвои. Исто така, чоколадото се дистрибуира во сè помали пакувања, а произведувачите сè почесто го комбинираат со овошје, бисквити, крем или житарки.
Извршниот директор на компанијата „Barry Callebaut“, Јирген Стајнман, истакнува дека до 2020 година може да дојде до потенцијално исчезнување на какаото, поради притисокот на плантажите за одгледување и потребата за висококвалитетни зрна.
Уште еден фактор кој значајно ги намалува залихите какао е епидемијата на ебола во Африка, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од светските залихи какао доаѓаат од западна Африка.
Делумен виновник за исчезнувањето на какаото се и болестите и сушите, како и самите луѓе кои чувствуваат сè поголема потреба за благо, а тоа најмногу е изразено во Кина.
Можете да замислите еден ден навистина да нема чоколадо?