Писмо од 5-годишно силувано девојче кое ја засрами полицијата

Едно 5-годишно девојче било силувано од нејзиниот сосед, момче старо 12 години. Повеќе од 3 години нејзиното семејство чека правдата да затропа на нивната врата.

pismo-od-edno-siluvano-devojce-koe-ja-zasrami-policijata-01.jpg

Потрошиле повеќе од 40.000 фунти на правни трошоци, а силувачот поминал со усна опомена дека „следниот пат треба да го направи тоа со некој на негова возраст.“

Девојчето, кое сега има нешто повеќе од 8 години, одлучила да им напише писмо на полицајците кои никогаш не застанале во нејзина одбрана.

„ Драги Господа,

Кога имав само 5 години ми се случи нешто многу страшно и ваша работа беше да го казните сторителот на тоа дело. Но, вие ме изневеривте и не си ја завршивте работата. Тоа ме вознемирува, растажува и ме прави бесна, затоа што поминаа 3 години, а тој уште не е казнет.

Дали тоа го направивте намерно затоа што тој има 12 години? Верував дека ќе ме извлечете, а вие само ме потопивте.

Мислев дека полицајците се добри и дека ги ловат лошите луѓе, но грешев. Не сте во право и би требало тоа да го знаете. Се надевам дека знаете колку сум разочарана заради тоа. Мислам дека најмалку што можете да направите е да напишете писмо со извинување, затоа што јас го правам истото кога на пријателите ќе им направам нешто лошо.

Се надевам дека во иднина ќе се однесувате и ќе работите како што треба. Се надевам дека еден ден ќе пристигне казната која тој ја заслужува.“

Еден од полицајците му одговорил на девојчето, но сè уште не преземал ништо.

„Жал ми е заради грешката која ја направи полицијата во врска со твојот случај. Навистина ми е жал што си имала толку лошо искуство и се надевам дека во иднина те чекаат само добри работи.“

Агонијата на ова девојче започнала во 2011 одина, кога момчето кое дошло на гости со родителите, ја однело во собата. Таму и покажал неколку порно филмови, по што ја силувал.

„Ништо не можеше да ме подготви за тој момент кога сфатив што се случува. Таа беше премногу вознемирена, затоа што момчето и кажало дека ќе си играат маж и жена, а за таа игра никој не смее да знае,“ вели мајката.

Случајот бил веднаш пријавен во полиција, а за време на испитувањето на момчето тој рекол дека и неговите другари го пробале тоа со своите сестри.

И во врска со оваа изјава ден денес ништо не е направено.

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg