Љубовта прави чуда: Овој човек од ѓубре направил рајски остров за двајца

Британецот Ричарт Сова кој има 61 година, точно 7 години го градел својот пловечки еколошки рај во близина на Канкун, Мексико.

ljubovta-pravi-cuda-ovoj-covek-od-gubre-napravil-raski-ostrov-za-dvajca-01.jpg

Среќата му се насмевнала откако минатата година ја запознал својата сродна душа - Џоди Болин.

„Отсекогаш сакав живот на пуст остров. Но, многу е поубаво сега кога имам драга личност со која можам да го поделам животот на својот рајски остров.“

Островот на Ричарт се наоѓа на 30 метри од брегот и се потпира на пластични шишиња наполнети со воздух, дрвени даски и песок.

ljubovta-pravi-cuda-ovoj-covek-od-gubre-napravil-raski-ostrov-za-dvajca-03.jpg

Куќата е на 3 нивоа, има 2 спални соби, кујна, вода, струја и интернет. Опкружена е со палми и дрва на кои растат различни видови овошје.

„Мојот план е да станам потполно независен. Вегетаријанец сум и си одгледувам билки со кои се хранам. Кога сакам нешто поразлично, одам до најблиската продавница.“

ljubovta-pravi-cuda-ovoj-covek-od-gubre-napravil-raski-ostrov-za-dvajca-02.jpg

Ричарт исто така изградил и брод од пластични шишиња во кој може да се возат дури 8 лица.

На неговата Џоди и било јасно дека сака да живее тука уште откако прв пат го посетила островот.

„Островот се лула на вода, па ви се чини како да сте во рацете на саканата личност кога ќе легнете да спиете,“ вели Џоди и додава дека ужива во здравиот и скромен живот со нејзиниот сопруг.

ljubovta-pravi-cuda-ovoj-covek-od-gubre-napravil-raski-ostrov-za-dvajca-04.jpg

„Штом се запознавме, си помислив: Еве го човекот кој го живее мојот сон!“ вели таа.


Погледнете го малиот рај на земјата:

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg