Погледнете го Лондон од висина која ќе ви ја замати главата (фото)
- Детали
- среда, 12 ноември 2014
Новата туристичка атракција во Лондон ќе им се допадне само на оние кои немаат страв од висина.
Новоотворените стаклени платформи на Тауер мостот во Лондон се наоѓаат на 43 метри висина, па токму затоа лондонските црвени автобуси изгледаат како минијатурни играчки, а луѓето како човечиња од Лего коцки.
Моментално е отворен само еден дел, односно половина шеталиште, а на почетокот на месец декември се очекува и останатиот дел да биде достапен за јавноста и туристите.
Стаклените патеки се така дизајнирани што низ нив се гледа секое отворање е затворање на мостот, што претставува уште едно доживување само за оние најхрабрите.
За оние плашливите, добрата вест е што патеките се потполно безбедни, обложени со стакло дебело 8 сантиметри и тежина од 545 килограми.
Еве што ќе видите ако се најдете во оваа стаклена платформа: