Што навистина прават собарките во вашите хотелски соби? (видео)
- Детали
- среда, 12 ноември 2014
Еден американец кој бил на годишен одмор во солиден хотел чие име не сака да го открие, решил да ја остави камерата вклучена и да провери што се случува во неговата соба додека тој не е таму.
Винс Стравикс ја напуштил собата, а претходно ја вклучил камерата. Снимката која ја погледнал подоцна непријатно го изненадила.
Чистачката која влегла неколку минути откако тој заминал прво ја прегледала неговата пошта, а потоа прочепкала по неговите лични предмети.
Се обидела да се логира на таблетот и лаптопот, па дури кога си ја завршила таа „работа,“ започнала да ја средува собата.
Видео снимката која беше поставена на YouTube пред само неколку дена, веќе има повеќе од 2 милиони прегледи.
„Ова се случи на 5-ти ноември. Бев во хотел кој добро го платив, па решив работите да си ги оставам во соба. По оваа снимка веќе никогаш нема да го направам истото. Чувајте си ги работите во автомобилот или на некое друго скриено место,“ напиша господинот кој го сними видеото.