Го барала исчезнатиот сопруг 9 години. Го сретнала случајно, на паркинг...
- Детали
- вторник, 11 ноември 2014
Сопругот на Карен Маркс исчезнал во 2005-та година, а од тогаш таа живеела во страв дека веќе никогаш нема да го види.
Адам Маркс не оставил никаква порака, ниту и понудил објаснување.
Карен со години го барала својот сопруг, а кога конечно го пронашла по 9 години открила дека тој има нова жена.
- Не можев да сфатам како повторно се оженил. Што направи со мојот идентитет? - раскажува Карен.
На Адам ова не му е прв пат да ја остави жената со која е во брак, но не му било ниту прв пат да ја напушти Карен.
Карен го запознала додека тој бил оженет, но тврдел дека сака да се разведе и да поминува повеќе време со неа и децата.
По некое време конечно се развел од претходната сопруга и се венчал со Карен на Денот на вљубените. Кратко потоа исчезнал, со таа разлика што тогаш оставил порака.
- Кога прв пат ме остави, се чувствував како градите ми се распарчуваат и како некој ми го корне срцето. Буквално ми рече дека јас сум крива и дека не може да се бори со моите деца, вели таа.
Сепак, неколку месеци подоцна, тој се вратил.
- Тогаш го условив дека нема да го примам назад ако уште еднаш му падне на ум да направи нешто вакво.
За жал, Адам повторно се спакувал и заминал, оставајќи ја Карен во долгови.
- Сакав да започнам да работам, но кога ме остави, моите планови се распрснаа.
За него не слушнала цели 9 години, сè до моментот кога го сретнала на паркингот пред супермаркет и му побарала развод.
Тој рекол дека ќе и се јави, но Адам го немало. Баш кога мислела дека веќе ништо не може да ја изненади, открила дека има нова жена.
Сега Адам е осуден заради бигамија, изневерување и лажни изјави додека ги склопувал браковите.
- Сепак сметам дека сè уште сме во брак. Мислев дека бракот трае до крајот на животот, во добро и во зло, во болест и во здравје. Токму затоа не планирам да се омажам со друг човек додека не се разведам од Адам, завршува Карен.