Како изгледа животот со ХИВ: Ми ја пренесе болеста и ми рече „Ќе ме памтиш до крајот на животот“

Еби Ленди е 26-годишна девојка од Австралија која пред 3 години открила дека има ХИВ вирус и решила отворено да зборува за оваа здравствена состојба во документарниот филм Transmission.

kako-izgleda-zivotot-so-hiv-mi-ja-prenese-bolesta-i-mi-rece-ke-me-pamtis-do-krajot-na-zivotot-01.jpg

Еби била заразена од момчето со кое имала кратка врска, а откако почнал да се однесува чудно во креветот и да покажува агресија, таа одлучила да ја прекине врската.

Но, не ни можела да претпостави дека веќе е предоцна да се спаси од смртоносниот вирус со кој била заразена.

- Многу брзо почнав да добивам херпеси, а никогаш порано не ги имав. Знаев дека нешто не е во ред. Ми беше многу полошо од ден на ден. На интернет ги пребарав симптомите и открив дека можно е ХИВ вирусот да се развива во мојот организам. Додека се борев да откријам што ми се случува, тој постојано ми се јавуваше. Откако му кажав дека веќе не сакам да го видам, ми испрати порака „Се надевам дека засекогаш ќе ме паметиш,“ - се присетува Еби.

kako-izgleda-zivotot-so-hiv-mi-ja-prenese-bolesta-i-mi-rece-ke-me-pamtis-do-krajot-na-zivotot-02.jpg

По само неколку дена го посетила гинекологот кој и потврдил дека има ХИВ.

Затоа што на 23-годишна возраст не знаела со што се соочува, сидата ја гледала како смртна казна.

- Отидов кај специјалистот и прашав: „Кога ќе умрам? Уште колку имам?“

Немав идеја што значи да бидеш ХИВ позитивен. За среќа, тој убаво ми објасни дека тоа е хронична болест со која лесно се живее. Ми рече дека единствено нешто што треба да правам е да пијам неколку таблети дневно и дека ќе имам речиси нормален живот.

Еби се преселила кај својата мајка и се обидела да го контактира момчето кое и го пренело вирусот. Меѓутоа, тој упорно тврдел дека нема сида и бил крајно нељубезен.

Еби се обидела да ги контактира сите дотогашни негови девојки, затоа што ако се повеќе, полесно ќе може да се борат легално против него.

Нејзиното семејство исто така верувало дека таа има сигурна смртна пресуда. Меѓутоа, откако сите добро се информирале, решиле да и помогнат на Еби да води што понормален живот.

- Мислам дека не станав жртва заради својот статус. Луѓето имаат свои мислења и тоа е во ред, но јас не бев дискриминирана. Немам никакви хорор приказни - раскажува оваа девојка.

kako-izgleda-zivotot-so-hiv-mi-ja-prenese-bolesta-i-mi-rece-ke-me-pamtis-do-krajot-na-zivotot-03.jpg

Таа нагласува и дека била во неколку врски откако е заразена, но секогаш отворено зборувала од што боледува пред да влезе во врската.

- ХИВ вирусот не влијае на мене и моето секојдневие. Моето здравје е исто. Земам по две пилули дневно и тоа е единствената промена. Ова не е она што очекувавте да го слушнете, но овој вирус има минимално влијание на животот, освен ако вие самите не му дозволите да ги искомплицира работите.

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg