Црно-бело семејство: Од црни мајка и татко, албино деца

Росамера Фернанда де Андраде (31) има три црни деца и три целосно бели, албино деца. Kога бабицата која ја породувала ѝ го дала првото бело дете со сини очи Рут, Бразилката со африканско потекло, мислела дека е во прашање некоја грешка.

crno-belo-semejstvo-od-crna-majka-i-tatko-celosno-beli-deca-01

Но, тоа се повторило и со следните две деца кои подоцна ги родила. Лекарите ѝ објасниле дека не се работи за грешка, туку дека таа и нејзиниот тогашен сопруг се носители на албино генот, поради што се случува и ваквата појава.

Оттогаш поминале 14 години, а нивното семејство привлекувало внимание каде и да се појави.

Некои мислеле дека го изневерувала сопругот, други пак дека им е дадилка на белите деца.

Додека Жао (13), Ребека (5) и Марија (2) може безгрижно да си играат надвор цел ден, Рут (14), Естефани (12) и Кауан (9) не можат да излезат надвор ако претходно не се намачкаат со крема за сончање од глава до пети.

crno-belo-semejstvo-od-crna-majka-i-tatko-celosno-beli-deca-2.jpg

Нивната кожа нема природна заштита од сонце и има голема опасност да заболат од рак на кожата.

Албино децата се често тажни затоа што не можат да ги прават истите работи како и другите браќа и сестри, па летно време се чувствуваат како затвореници.

Погледнете како живее ова семејство:


Вака изгледаат нивните денови:

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg