Твитер исповеди: Тие го преживеале најстрашното!

Секојдневно слушаме за разни монструозни чинови во кои жените се жртви на насилство или силување. За жал, често дел од нив се деца, кои од страв, преплашеност и трауми немаат храброст да кажат некому или да го пријават оној кој ги силувал.

ona-sto-ne-go-priznaa-na-nikoj-drug-go-kazaa-na-tviter-tie-go-preziveale-najstrasnoto-01

Сето тоа остава трајни последици на нив, никогаш не успеваат да го надминат и се срамат, мислејќи дека ќе бидат осудени од околината ако некој дознае што им се случило.

Но, може да се случи токму спротивното. Антониа Зербисјас во знак на поддршка на Луси Декутер, како една од деветте жени кои го обвинуваат Џијан Гомеш за сексуално злоставување, отвори хаштаг на Твитер #BeenRapedNeverReported (Бев силувана, но никогаш не пријавив).

Луси е една од ретките која јавно истапи и призна дека била силувана, додека другите сакаат да останат анонимни.

Кога Антониа го започнала хаштагот на Твитер се придружиле и многу други иако со анонимни имиња.

- Кога сите жени кои биле силувани би истапиле и би ја признале својата приказна сигурно би ги тргнале предрасудите кои кружат околу тоа.

ona-sto-ne-go-priznaa-na-nikoj-drug-go-kazaa-na-tviter-tie-go-preziveale-najstrasnoto1

Ова се дел од останатите твитови:

- Тешко ми е да признаам дека се пронаоѓам во овој хаштаг. За малку, повторно немаше ништо да напишам -  Ен.

- Силувањето е ужасно искуство. Се обидов да го пријавам, се обвинував и себе, тоа е најлошото -  kittypoet.

- Веќе го изгубив детството, невиноста и својата вредност. Бев исплашена, бидејќи не сакав да изгубам нешто повеќе - Габриел Милер.

- Дечкото се обиде да ме силува, но се појави мојата цимерка. Ви благодарам на сите овде за искреноста -  Сузан Свон

- Црните девојки ретко кога го пријавуваат силувањето, бидејќи ова општество смета дека ние не може да бидеме силувани -  Пенелопе Џонс.

- Ако сте нервозни и се предомислувате дали да твитнете, ве разбирам дека тоа ви е ужасно, но во исто време е силно и ослободувачко. Ослободете се од срамот -  Надин Силверстон.

- Тој ми се смееше и велеше дека може да ми прави што сака, никој нема да ми поверува ако кажам - Памела Капрару

- Мајка ми ме поддржа за да го пријавам. Не го може тоа секој. Мора меѓусебно да се поддржуваме додека чекаме законот да го направи тоа. - Сиера Нобл

- Читајќи ги твитовите на овој хаштаг, го почитувам изборот на жените не само за да пријават, туку желбата да ги натераат сите жени еден ден да имаат храброст да пријават и да се спротивстават - Сузан Клермонт

Меѓу оние кои ги ретвитуваат овие твитови се и многу мажи кои одлучиле да им дадат поддршка на овие храбри девојки. Меѓу нив е и коментарот на писателот Нил Гејман.

- Тешко е да се чита овој хаштаг. Малку ми е срам што сум човек, а уште повеќе што сум машко.

Би признале некогаш ваков чин?

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg