Премногу секси за во затвор: Најпосакуваниот затвореник доби конкуренција
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2014
Откако женскиот свет полуде по фотографиите на згодниот затвореник со сини очи, сега тој доби конкуренција.
Шон Кори (29) без оглед на тоа што за време на Ноќта на вештерките, нападнал човек со тениски рекет, на интернет веќе стана главна ѕвезда благодарение на имиџот на „лошо момче“ со зелени очи.
Откако полицијата во Санта Круз на својата интернет страница ја објави неговата фотографија не ни претпоставувала што може таа да предизвика.
Ова не му било прво апсење, бидејќи во 2008 година бил фатен поради поседување марихуана.
Неговиот претходник, Џереми Микс не успеа да заработи од својата слава, бидејќи не му беше дозволено фотографирање во затворот.
Можеби Шон, доколку има повеќе среќа, пред да биде осуден ќе успее да заработи многу повеќе и да добие уште поголема популарност со оглед на реакцијата од само една негова фотографија.
Кој ви се допаѓа повеќе?