Болна игра во босанско училиште: Удри му шамар на тој до тебе (видео)
- Детали
- четврток, 30 октомври 2014
Препирките, шегите на туѓа сметка, стапиците и подметнувањата се дел од секое детство, особено во школските денови.
Но, порано тоа се правеше многу поедноставно и побезболно. Денешните генерации имаат малку поинакво и за жал, понасилно дружење и шегување, па често знае од играчка да се претвори во плачка.
На видеото кое е објавено на YouTube, група ученици од Босна се снимале со мобилен телефон додека играат игра со удирање шамари за време на училишниот одмор.
Седат во круг на две клупи и меѓусебно си удираат шамари, смеејќи се, при што секој следен удар е посилен и поболен.
Погледнете го видеото:
Која е целта на овие игри и сметате ли дека учениците треба да имаат поголем надзор за време на одморите?