Да ти е мерак да одиш во затвор во Норвешка
- Детали
- среда, 29 октомври 2014
Не е сеедно дали си затвореник во САД или во Норвешка. Џејмс Конвеј, поранешен управник во затвор во САД, го потврди ова.
Во документарецот „The Norden“, има снимки на кои Конвеј признава дека како управител никогаш не размислувал за правата на затворениците.
„Кај нас во Америка, работите стојат вака: Ако завршите во затвор, сами сте си криви. Тоа е заслужено. Зошто некој би се грижел како вие се чувствувате?“ искрено раскажува Конвеј.
„Не можам да поверувам дека ова е затвор,“ признава тој.
Она што посебно го изненади поранешниот управник беа металните ножеви и виљушки во кујната. Овој затвор, по негово мислење, е преполн со оружје кое може да биде смртоносно. Сепак, никој до сега не го искористил.
Во склоп на овој затвор влегуваат и спортски терени, сали, музички студија, соби за релаксација и дневен престој, како и приватни соби со удобни кревети и пријатен поглед низ прозорецот.
Кој би рекол дека ова е затвор, а не хотел?
Погледнете го и краткиот документарец: