Детенце го посети гробот на својот татко и доби писмо од рајот (видео)

Малиот Џино Валенте долго ќе го памети денот кога го посетил гробот на својот татко. Тој починал во 2010 година, кога Џино имал само 3 години, па затоа решил заедно со неговата мајка да му оддаде почит за Денот на татковците.

detence-go-poseti-grobot-na-svojot-tatko-i-dobi-pismo-od-rajot-video-01.jpg

Во видеото кое го снимила мајката на Џино се гледа како тој остава писмо со порака „Тато, ти си најдобар!“ Во тој момент под каменот со облик на срце, пронашол бел лист посветен на него.

Мајката го праша што пронајде, а момчето започна да чита.

Несвесен дека писмото го напишала неговата мајка, малиот Џино одговара дека тоа е писмо од рајот.

„Поздрав Џино,

Ти благодарам што дојде да ме посетиш. Знам дека не се сеќаваш добро на мене затоа што заминат кога имаше само 3 години. Сепак, јас гледам сè, и тебе и Софи, и баба и дедо и вујна Лаура.

Иако ти мене не ме гледаш, знам дека добро ти оди на училиште. Се пресели и мислам дека тоа беше одлична одлука.

Слушам и кога кажуваш неубави зборови. Знаеш, понекогаш е во ред да бидеш лут, но те молам не користи такви зборови. Не се убави за слушање.

Би сакал да дојдам и да те видам, но кога еднаш ќе пристигнеме на небото, не ни дозволуваат да го напуштиме. Затоа скришно ти го доставив ова писмо.

Многу ми недостасуваш.

Се надевам дека знаеш колку те сакам. Секогаш сум до тебе, те гледам и слушам, немој да се грижиш. Бакни ги баба и дедо и вујна Лаура за мене.

Со љубов, твојот татко.“

Неговата мајка објаснила дека на ваков чекор се решила од две причини - сите за момент да помислат да некој кој веќе не е помеѓу пријателите и семејството, но и како би им помогнала на другите дечиња и родители во иста ситуација.

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg