Поглед од највисоката зграда во светот: Дубаи каков до сега не сте го виделе
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2014
Највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, сега доби просторија на 148-от кат од каде се протега спектакуларен поглед над Дубаи.
Дубаи е градот со фантастичен поглед и огромен број на облакодери, но пред само неколку дена беше постигнат врвот - панорамски поглед од 555 метри висина.
Облакодерот Бурџ Калифа кој моментално важи највисоката зграда во светот ги отвори вратите за своите посетители.
За да стигнат до спектакуларната соба со стаклени ѕидови, посетителите мора да променат 2 лифта - еден кој води до 125-от кат и друг кој води до новиот видиковец.
Картата за овој поглед изнесува 106 евра, со претходна резервација.
Како дел од „пакетот“ се нудат и уред со слушалки на кои ќе ја слушнат целата приказна за архитектурата на овој облакодер.
Приближно вака изгледа искуството од 148-от кат: