Висока е 2 метри, тежи 90 килограми и мажите скапо ја плаќаат нејзината доминација
- Детали
- петок, 17 октомври 2014
Ана Лусија Барбоса е 30 годишна жена од Бразил која заработува од брутално доминирање над своите клиенти.
Оваа жена има уметничко име Амазон Синтија, а позната е по своите 90 килограми тежина, 2 метри висина и специфична градба за која многу мажи плаќаат стотици долари.
Сакајќи да побегне од сиромаштијата во која живееле, започнала да работи како домино жена. Сега заработува по неколку илјади долари.
Оваа жена е спас за сите мажи кои имаат чудни фетиши. Таа добива и по 300 долари на час, само за борење со мажите кои ги привлекува женската доминација.
- Не ми пречат клиентите кои сакаат да платат за седење на нив, гмечење, борење и наредување. Оваа работа ми го промени животот и сега можам да му овозможам сè на моето семејство, вели Ана Лусија.
- Како помлада бев депресивна и никогаш не си се допаѓав. Тренирав кошарка, но откако си го повредив коленото морав да прекинам. После тоа не знаев што со себе.
Но, еден случаен состанок со странец и го променил животот.
Од тогаш почнала да работи како домино жена која понекогаш заработува и до 10.000 долари дневно.