Вака се третираат љубовниците во Кина: Гола и претепана пред цел град (видео)

Што би направиле вие доколку дознаете дека партнерот ве изневерува? Во Кина тоа се решава многу брутално, но не кон партнерот, туку кон љубовницата.

vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-01

Лин Јао Ли (38) од Пујанг е нападната додека се враќала дома. Четири жени ја собориле на земја, ѝ ја искинале облеката и гола ја влечеле по асфалтот, клоцајќи ја по градите и препоните.

Групата „одмазднички“ била предводена од сопругата на мажот со кој Лин имала афера, а ѝ помогнале уште три пријателки.

Иако Кинеската викала и се молела за милост, тие не престанувале да ја кубат и да ја удираат.

Минувачите биле изненадени од сцената, но не направиле ништо за да ѝ помогнат на жртвата, сметајќи дека го добива тоа што го заслужила, штом спиела со туѓ маж.

Полицијата не интервенирала, иако нападот се случувал пред сите.

vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-2.jpg

Дури откако жените насилнички си заминале и ја оставиле, ѝ пришол еден од сограѓаните, Јун Фенг (30) и ѝ помогнал.

Тој изјавил дека ваквите ситуации стануваат вообичаени и често сопругите им се одмаздуваат на мажите со тоа што им ги претепуваат љубовниците, а луѓето наоколу не сакаат да се мешаат.

vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-1

Подоцна жртвата била пренесена во болница, каде била во шок и со бројни модринки и рани.

Сличен напад се случил и минатиот месец во Џинану, кога три жени соблекле една Кинеска и ја изгазиле со чевлите затоа што го натерала на неверство сопругот на една од жените.

vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-3
vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-4
vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-5
vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-6
vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-7
vaka-se-tretiraat-ljubovnicite-vo-kina-gola-i-pretepana-pred-cel-grad-8


Вака изгледа напад на љубовница во Кина:

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg