Во оваа реклама се крие нешто многу посилно
- Детали
- вторник, 14 октомври 2014
Веќе неколку месеци малиот билборд во една метро станица во Шведска ги воодушевуваше минувачите со подвижната реклама. Сега таа доби продолжение.
Станува збор за видео - реклама за шампонот Garbergs, на која покрај тоа што се прикажуваат бујните коси на девојките по миењето, кои се развејуваат на сите страни според брзината на движењето на метрото, има и една посилна порака.
Откако сите навикнаа на ваквата реклама и движењето на косата на девојките, следуваше шок кога еден ден, истиот тој ветар од брзината на метрото, наеднаш ја одвејува периката со бујната коса на девојката.
Тогаш сите се запрепастуваат од глетката на ќелавата девојка и пораката која им обрнува внимание за сè поголемиот број деца на кои, за жал, секојдневно им се дијагностицира рак.
Оригинален начин за да се искористи рекламниот простор, да се допре до свеста на многу луѓе и да се направи нешто за борба против оваа болест.