Запознајте го човекот кој го спасил животот на 2 милиони бебиња (видео)
- Детали
- вторник, 14 октомври 2014
Можеби никогаш не сте слушнале за Австралиецот Џејмс Харисон, кој не е толку познат, иако би требало да биде. Ако не повеќе, треба сигурно да се прогласи за херој.
Во изминатите 6 децении, овој 77-годишен човек спасил над 2 милиони бебиња, со донација на крвна плазма.
Харисон има ретка крвна група која содржи антитела за одбрана од Rhesus disease, смртоносна форма на анемија која ги погодува новороденчињата. Донирал над 1000 пати и се здобил со прекарот „Човекот со златна рака“.
Покрај сите други деца, за среќа успеал да си ја спаси и сопствената ќерка, Трејси.
Неговата приказна е одамна, но добро е да ја знаете, ако досега не сте слушнале за него.
Погледнете го видеото во кое е раскажана големината на Џејмс: