Им кажале дека нивниот син починал, а тој им ја отворил вратата на која тропнале

Еден средовечен пар од Алјаска, Карен и Џеј Прист, доживеал непријатно изненадување кога локален полицаец им затропал на вратата од нивниот дом, во 3 часот наутро.

otkako-im-kazale-deka-nivniot-sin-pocinal-toj-im-ja-otvoril-vratata-na-koja-tropnale-01.jpg

„Знаевме дека нешто се случило. Не е добро кога полицаец ќе тропне на врата во 3 часот наутро,“ вели Карен Прист.

Тој им соопштил тажна вест која им го срушила светот - нивниот 29-годишен син Џастин починал заедно со 9 неделниот жолт лабрадор.

Откако се јавиле во полициската станица, и од таму им потврдиле дека Џастин починал во сообраќајна несреќа, кога неговиот автомобил удрил во дрво со огромна брзина.

Џеј и Карен започнале да им се јавуваат на најблиските за да им ја соопштат веста. Извозеле цели 70 километри за да стигнат до нивниот друг син Коди, кој откако ја слушнал веста целосно изгубил свест.

Следна дестинација им била девојката на Џастин, која била во врска со него 5 години. Пристигнале во нејзиниот дом и затропале на вратата.

otkako-im-kazale-deka-nivniot-sin-pocinal-toj-im-ja-otvoril-vratata-na-koja-tropnale-02.jpg

Отворил нивниот син Џастин.

„Ја отвори вратата и се појави. Додека да му го погледнам ликот, Џеј пребледе. Сакав да биде вистина, но се прашував да не халуцинирам. Џастин немаше претстава што се случуваше.“

Кога мајката, таткото и братот на Џастин добро го погледнале, започнале гласно да вриштат.

„Не знаев зошто сите викаат,“ вели Џастин. „Бев малку поспан, а тие упорно викаа!“

„Најпрво, мислев дека се работи за некој трик, шега, скриена камера. Но, полека почнаа да ми раскажуваат. Како зборовите течеа, така прегратките и солзите се преплетуваа,“ раскажува Џастин.

otkako-im-kazale-deka-nivniot-sin-pocinal-toj-im-ja-otvoril-vratata-na-koja-tropnale-03.jpg

Тој се јавил во полициската станица, да ги извести дека се во заблуда.

Од полициската станица откриле дека името на вистинската жртва е Џастин, но тој имал различно презиме, година на раѓање и средно име.

„Бев шокиран и не можев да престанам да го прегрнувам мојот син. Никогаш во животот не сум плачел толку,“ вели таткото на Џастин.

Приказната завршила со извинување од полициската станица.

Сепак, чувствата сè уште се измешани, цела недела по трагичната вест адресирана на погрешно место.

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg